763
Премиерот Емил Димитриев попладнево до Собранието поднесе предлог за разрешување на министерот без ресор Фуркан Чако. На негово место, Димитриев го предложил Бејџан Иљас.
Се уште никој не објаснил, зошто се бара разрешување на Чако.
И Чако и Иљас се од Демократската партија на Турците во Македонија, коалиционен партнер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Според биографијата што Димитриев ја доставил до Собранието, 40-годишниот Иљас е лекар во Клиничката болница во Тетово.