Активистот Стеваноски на суд поради графитот „Че си лежите”

by fokus

Активистот на Шарената револуција и адвокат, Жаре Стевановски доби прекршочни пријави од прилепската полиција,бидејќи за време на протестите на улицата пред Општинската зграда напишал парола „Че си лежите“.

Полицијата против него до Основниот суд поднела четири прекршочни пријави по член 191 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата. Според полицијата, со тоа што ја испишал оваа порака, Стеваноски го загрозил сообраќајот и безбедноста на другите учесници.

Стеваноски вели дека нема основ за овие пријави бидејќи за време на протестот полицијата го обезбедувала местото и не циркулирале возила а сообраќајот бил блокиран.

Граѓанскиот активист вели дека станува збор за притисок со цел да се оневозможи на граѓаните јавно да го искажат своето право на глас, но вели очекува Судот во Прилеп да донесе правилна одлука.

Поврзани новости