Димитриеска: Платата расте вештачки

by fokus

Власта вештачки ја зголемува минималната плата и со тоа го загрозува стопанството, вели Гордана Димитриеска-Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ. Според неа, просечната плата пораснала затоа што луѓето со нископлатени работни места останале без работа.

-Владата манипулира со просечната плата преку начинот на пресметка, бидејќи изгубените нископлатени позиции доведоа до зголемување на просечната плата, како на пример во индустријата, во рударството, вадењето на камен…, каде се намалил бројот на вработени, а истото е и во преработувачка индустрија – изјави Димитриеска-Кочоска на ТВ 24.

Таа обвини дека власта со буџетскиот ребаланс повторно предлага огромен буџет, во кој, како што вели, единствените приходи што ќе се остварат ќе бидат преку поскапувања, како што е еколошката такса.

-Во период на криза зголемија еколошка такса. Викаа дека нема да има покачување на струјата, ама таа поскапе 12,5 проценти – додаде Кочоска.

Поврзани новости