Ѓорчев: Резолуцијата ќе ја зајакне нашата позиција

by fokus

Предлог-резолуцијата за дефинирање на национални црвени линии е повеќе од потребна и особено е добро што таа доаѓа од опозицијата, смета поранешниот македонски амбасадор во Бугарија Марјан Ѓорчев.

-Во едно демократско плурално општество позицијата ги диктира условите за демократија, а опозицијата по дифолт ја брани демократијата, така е во сите демократски општества. Добро што опозицијата ја покренува предлог-резолуцијата. Самиот супстрат покажува дека основата е да се претстави позицијата на Македонија, секогаш Македонија треба да биде во рамноправна позиција со другите чинители – рече Ѓорчев на Канал 5.

Според него, откако ќе се донесе резолуцијата позицијата на Македонија во меѓународните односи ќе биде доста зајакната.

Поврзани новости