Оне.Вип денеска го објави назначувањето на Димитар Ковачевски како нов извршен директор, а обврските на новата функција ќе ги прееземе кон крајот на декември 2016 и ќе го наследи Никола Љушев кој од функцијата Извршен Директор се повлекува од лични причини и одлучи да прифати нови предизвици надвор од оне.Вип и Кластерот.
Од компанијата велат дека Димитар Ковачевски има успешна кариера од 18 години во различни области од телекомуникациската индустрија. Кариерата ја започнал во Македонски Телеком каде што го продолжува својот развој на менаџерски позиции вклучувајќи ја позицијата Директор на Секторот за комерцијални корисници, одговорен за малопродажната мрежа и на проактивните продажни канали, Директор на Центарот за Маркетинг Комуникации и Односи со Јавност, Директор на Центарот за Маркетинг и Продажен Менаџмент, во исто време како дел од многу стратегиски корпоративни проекти.
Ковачевски е дипломиран економист во полето на корпоративниот менаџмент, информациски системи и бизнис процес интеграција. Исто така ја има завршено Извршната Образовна Програма во полето на маркетингот на Универзитетот Харвард.