МРТ одлучи: Јана Бурческа ќе пее на „Евровизија“

by fokus 13:08
13:08

Јана Бурческа ќе ја претставува Македонија на изборот за песна на „Евровизија“ во Киев, Укранина, 2017 година.

„Македонската Радио Телевизија како членка на Европската Радиодифузна Унија, донесе одлука со која се дефинира учеството на Македонија на претстојното 62 издание на најголемиот меѓународен музички фестивал во Европа „Избор за песна на Евровизија“ Киев, 2017 година.

- Advertisements -

Имајќи го предвид фактот дека според правилата на EBU, секој Национален радиодифузер има целосно право и слобода на избор на форматот низ кој се одлучува актуелниот национален претставник, МРТ одлучи на овој престижен и реномиран музички натпревар, честа за претставување на Јавниот национален радиодифузен сервис и Македонија, да и се довери на младата македонска интерпретаторка Јана Бурческа“ – се вели во соопштението од МРТ.

Својата музичка кариера Јана Бурческа ја започнa во првата сезона на Изборот за Македонски идол кадешто во финалето се пласираше на петтото место.

МРТ смета дека соработката што следува со Јана Бурческа, заедно со авторскиот тим на композицијата којашто ќе биде одбрана, ќе резултира со модерен и пред се атрактивен евровизиски производ , со афирмативен национален карактер во контекст на достојното претставување на Македонија пред европската и светска културна јавност.

За терминот на официјалното претставување на композицијата со којашто Македонија ќе се натпреварува на Евровизискиот Избор во Киев – Украина 2017, МРТ дополнително ќе ја информира македонската јавност.

Вики Клинчарова

Поврзани новости