Димишкова: Немам потреба да ме обезбедува полицијата

by Fokus

Судијката на претходна постапка, Весна Димишкова, која му определи куќен притвор на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, за „Макфакс“, демантира дека барала лично обезбедување од полицијата, откако во јавноста беа пласирани информации дека околу нејзиниот автомобил пронашла купчиња хартии по пуштањето од притвор на Мијалков.

„Не сум барала обезбедување и немам потреба од обезбедување“, рече Димишкова.

Судијката кажа дека станува збор за настан од пред еден месец за кој го известила претседателот на судот, по што, случајот бил пријавен во полицијата.

Поврзани новости