Инспекторатот за животна средина донесе одлука да го затвори Југохром

by fokus 16:20
16:20

Државниот инспекторат за животна средина донел одлука да се затвори Југохром, бидејќи не го испочитува ни продолжениот рок до 31 октомври да постави соодветени филтри за отпрашување. Oва го соопшти министерот за животна средина, Башким Амети по средбата со тетовската градоначалничка Теута Арифи.

-Иако за ваква одлука можеби нема согласност од сите засегнати страни, Инспекторатот постапил според позитивните закони на Македонија. Не било лесно да се иницира ваква одлука имајќи ја во предвид социјалната компонента и важноста на овој комбинат за вработените во фабриката но за нас пред се е најважно здравјето на граѓаните, изјави Амети.

- Advertisements -

Вчера од Југохром рекоа дека ќе си продолжеле со работа, а поднеле уредно барање за уште едно продолжување на рокот за поставување филтри.

 

Поврзани новости