Димче Крстев, на кој одвоено му се суди за насилството во Центар, денеска се појави во Кривичниот суд со видливи повреди на лицето. Токму поради неговата нарушена здравствена состојба судијката одлучи да го одложи денешното рочиште и да му се суди на 15-ти јуни.
На почетокот на рочиштето јавноста беше исклучена, поради што се појави сомнеж дали можеби Крстев се спогодува со судот да признае вина, но откако судијката ги повика медиумите објасни дека тоа било поради информации за неговата лична здравствена состојба. Забележиво беше и тоа што Крстев пред судот зборуваше отежнато.
Како што неофицијално се шпекулира изминатиов период овој обвинет бил под силен притисок бидејќи сакал да признае вина, па затоа станува нејасно дали и модриците на неговото лице се последица на притисок.
„Фокус“ чека официјална потврда за нападот на Крстев бидејќи неодамна тој пријвил во полиција дека бил нападнат од група насилници.
В.В.