Дилер фатен со 42 пакувања кокаин на паркинг

by Fokus

Синоќа два часа после полноќ, на паркинг простор зад угостителски објект во тетовско Жеровјане, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 33-годишниот А.Х. од Дебар.

Кај него биле пронајдени и одземени 42 пакувања кокаин.

Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани новости