Неколку недели пред одржување на првиот круг од локалните избори Државната изборна комисија се сетила да набави паравани за гласање каде што граѓаните ќе можат да го остварат своето право на глас. Набавката е во износ од 19.406 евра и е направена во постапка со преговарање без објавување на оглас.
Договорот е склучен на 20-ти септември со фирмата „Полиестердеј ДООЕЛ“. Од ДИК морале да преговараат во четири очи поради крајната итност која ја наложила потребата од параваните.
„Кога од причини од крајна итност предизвикани од настани кои договорниот орган не можел да ги предвиди и да му се припишат како пропуст, не може да се примени рокот за објавување на отворена постапка, ограничена постапка, постапка со барање за прибирање на понуди или постапка со преговарање со претходно објавување на оглас“, ги објавнуваат од таму причините за итноста на набавката.