Наредната недела Судскиот совет ќе ја разгледа оставката на Рибарев

by fokus

Судскиот совет денеска нема да одржи седница на која ќе се разгледува оставката на в.д. претседателот на Кривичен, Стојанче Рибарев.

Според претседателот Зоран Караџовски, седницата најверојатно нема да се оддржи денес, и ќе биде закажана од понеделник.

Во својата оставка испратена пред два дена до судскиот совет Рибарев навел дека причинитие за неговото повлекување се од лична природа.

Засега останува и нејасно дали Советот ќе избере претседател на Кривичниот суд, или повторно ќе постави в.д. претседател. Судскиот совет на 20 јули распиша нов оглас за избор на претседател на скопскиот кривичен суд, откако претходниот пропадна.

Инаку, во меѓувреме со Основниот суд Скоепј 1 раководи судијката Дијана Груевска – Илиевска, која го заменува Рибарев.

 

Поврзани новости