459
Државната изборна комисија денеска во 11 часот ќе одржи седница на која ќе одлучува за приговорите кои партиите ги поднесоа за изборниот процес. Седницата ќе биде отворена за јавноста и ќе се одржи во големата сала на ДИК.
-Единствена точка на дневен ред ќе биде разгледувањето и одлучувањето по приговорите поднесени од подносителите на листи на кандидати за пратеници во Собранието, а кои се однесуваат на постапката за гласање и на постапката за сумирање и за утврдување на резултатите, се вели во соопштението на ДИК.
СДСМ и БЕСА поднесоа по осум приговори. Од двете партии велат дека доколку им се освојат приговорите ќе дојде до промена на бројот на мандати.