ДИК пресмета 16 илјади гласови повеќе за ДПМНЕ, се уште не објавува број на освоени мандати

by fokus

Државната изборна комисија утрово на 99,72 отсто преброени гласачки места објави дека ВМРО-ДПМНЕ има освоено 452.709 илјади или 38,06 отсто, а за СДСМ бројката е 436.469 или 36,69 отсто.  Разликата е 1,37 отсто или 16.240 гласа. ДИК се уште не објавува која партија колку пратенички места освоила, а рекоа дека тоа ќе го направат во текот на денот.

Рано утрово СДСМ соопшти дека согласно резултатите на нивиот аналитичкиот центар бројот на освоени мандати е изедначен и е 51:51. Според извори во партијата, ДИК се уште нема пресметано неколку гласачки места во шестата изборна единица кои можат да направат промена од еден до два пратеника.

Според ВМРО-ДПМНЕ, тие се победници со 51 пратеник, а СДСМ 49 пратенички места.

Поврзани новости