ДИК: Не може референдум и локални избори во ист ден

by Fokus

Државната изборна комисија побара од 12 општини да престанат со активностите за подготовка и организација на локални референдуми за мигранти се до изјаснувањето на Уставниот суд.

Ова се однесува на Кочани, Штип, Гевгелија, Кавадарци, Неготино, Велес, Битола, Прилеп,Радовиш, Охрид, Аеродром и Гази Баба каде советите донесоа одлуки за одржување референдуми во ист ден кога и локалните избори, чии одлуки пак, беа стопирани од Инспекторатот за локална самоуправа.

Претходно, Државниот инспекторат за локална самоуправа донесе одлука да ги запре решенијата за организирање локални референдуми во општините за мигрантите на денот на локалните избори, 15 октомври, и да поведе постапка пред Уставниот суд за утврдување на законитоста.

Поврзани новости