ДИК: Не е точно дека е сменет ит тимот, два дена пред избори дојде Ивоте

by fokus

ДИК тврди дека не се точни информациите што се споделуваат на социјалните мрежи дека експертскиот тим кој работел на софтверот на Државната изборна комисија бил отстранет два дена пред избори и дека на тој начин бил отворен патот за внесување лажни податоци.

„Два дена пред избори во ДИК дојде тим од ИТ фирмата Ивоте која беше избрана на тендер распишан од ДИК со цел одржување на системот со оглед на тоа што тој агрегира податоци од 80 општини. Тимот остана во ДИК се до одржување на прес конференцијата кога беа соопштени првичните резултати. Не е точно дека некој бил отстранет од ит тимот на ДИК, ниту кој било друг имал достапност до системот“, вели за „Фокус“ Љупка Гугучевска, портпарол на ДИК.

Ивоте е , долгогодишен партнер на ДИК кој овозмошува најсовремена платформа за ажурирање податоци за големи операции како што беа парламентарните избори на 11 декември.

С.М.

Поврзани новости