МОСТ: Изборите поминаа со поткуп, притисоци и хаотична работа на општинските комисии

by fokus

Граѓанската асоцијација МОСТ денеска ја објави прелиминарната оценка за предвремените парламентарни избори. Според извештаите и информациите добиени од набљудувачите и од 80-те регионални координатори,   прелиминарната   оценка  е  дека изборниот ден помина со висока излезност на граѓаните, нерегуларности во постапката на гласање и сериозни индиции за поткуп и притисоци врз гласачите на одредени гласачки места.

Во  текот   на   денот   МОСТ  јавуваше   за   присуство  на   неовластени   лица   пред  гласачкитеместа   кои   вршеа   агитација,   како   и   за   зголемен   број   на   случаи   на   фотографирање   на гласачките ливчиња позади параваните, што укажува на индиции за поткуп и притисоци кои се случувале надвор од гласачките места. Во прилог на ова е и бројот на интервенции на  полицијата  коишто  се   регистрирани   во  официјалниот   билтен  на   Министерството  завнатрешни работи.

Што се однесува до постапката на гласање во гласачките места, набљудувачите најчесто известуваа   за   групно/семејно   гласање   и   непочитување   на   тајноста   на   гласањето, злоупотреба   на   постапката   за   гласање   на   избирачи   кои   не   можат   да   гласаат   сами, пропусти во објаснувањето на начинот на гласањето на избирачите, како и за избирачи кои не можеле да се пронајдат во Избирачкиот список.

Вечерта   по   завршувањето   на   гласањето   кај   дел   од   општинските   изборни   комисии забележан   е  неред  и  хаотична   работа,   како  и  поправање   на   технички   грешки   во записниците   доставени  од  избирачките   одбори.   Дополнително,   во   неколку   наврати   езабележано доставување на гласачки кутии кои не биле запечатени со сигурносни ленти,со   што   е   направена   повреда   на   постапката   за   пакување   и   заштита   на   доверливиот изборен материјал.

Поврзани новости