Ѓорчев му се закани на Заев: Трпението на народот ќе прерасне во гнев!

by fokus

-Нема да ни ја украдат победата!- порача Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на лидерот на СДСМ дека режимот на Никола Груевски не смее да формира влада. Тој рече дека Зоран Заев и сите околу него се играат со трпението на луѓето.

– Треба да знаат дека си играат со трпението на трплеив човек, со гневот на трпелив човек. Народот покажа трпеливост, но доколку некој сака да ја украде победата трпеливоста ќе прерасне во гнев – рече Ѓорчев.

Според него, Заев директно упатил повик за фалсификат кон ДИК, а изборите во Изборната единица 6, како и низ целата држава биле чисти како солза.

Поврзани новости