710
Државната изборна комисија вечерва го усвои извештајот за кој добија податоци од регистарот на државјани на Министерството за внатрешни работи според кој Македонија има еден 1.958.844 полнолетни државјани и 505.422 малолетни државјани или вкупно, 2.464.266 државјани.
-Бројот на гласачи во наредниот период ќе расте бидејќи сигурно дека дел од државјаните кои не се запишани во Избирачкиот список ќе добијат патна исправа или лична карта, рече Субхи Јакупи од ДИК.
Тој рече дека кога странски делегации прашуваат како е можно да има толку многу гласачи, одговорот е дека едни се податоците во Пописот на населението, а сосема нешто друго се податоците за бројот на државјани.