Утрешното судење за Диво Насеље ќе се одложи оти нема просторија

by Фокус

Од судски извори Фокус дознава дека утрешното судење за кумановски настани ќе биде одложено од причина што Врховниот суд го одбил барањето на Основниот суд да му ја отстапи големата сала во Врховен, па сега нема просторија каде би се одржало судењето. Имено, во одговорот што Врховниот суд му го дал на Основниот се вели дека таа сала е само за свечености, а не за судења.

-Салата во Врховниот суд е од свечен карактер за одржување на свечени настани и во истата не постојат технички услови и не е опремена за да функционира како судница. Од друга страна, доколку се овозможи во оваа сала да се одвива предметното судење, во целост ќе се загрози безбедноста и редовното функционирање на судот, како што сум известена и од Командантот на судската полиција, се вели во одговорот потпишан од претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова.

Понатаму во одговорот Неделкова продолжува за тоа дека доколку судењето за Диво Насеље се одвива во салата на Врховниот суд, тоа ќе го отежни фукнционирањето и дека би се вовела вонредна состојба која е стандардна за ова предметно судење при што странките и вработените во Судот не би можеле непречено да се движат.

 

Поврзани новости