По распишувањето на парламентарните избори, непријавените гласачи од листата на ДИК ќе имаат време од петнаесет дена да го регулираат правото на глас.
Ова ќе важи за 30 502 граѓани кои не се пријавиле на листата на спорни гласачи на ДИК. До вчера, кога истече рокот, се пријавиле само една четвртина од спорните гласачи или 8 922 граѓани.
Оние кои се пријавија во ДИК во изминатите денови и кои го потврдија правото на глас, се веќе запишани во Избирачкиот список, како што ќе бидат и новите што ќе се пријават за време на јавниот увид. По заклучувањето на Избирачкиот список, непријавените гласачи ќе бидат избришани од списокот.
Иннаку, од денеска тече рокот од 10 дена во кој ќе може најмалку три члена од ДИК, во случај некој од членовите на ДИК да се посомнева во манипулации на пријавени по електронски пат, да го допроверат идентитетот и личните податоци. Во вторник ДИК треба да го усвои извештајот за пријавените гласачи од вкупно сомнителните 39.502 гласача.