Забрзани вработувања во МВР пред заминување на Чавков

by fokus

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков преку интерен оглас ќе назначува раководни лица на различни позиции во министерството.

Во документот кој го потпишал на почетокот на август е наредено да се пополнат сите испразнети места во систематизацијата. Пет дена подоцна на огласните табли во МВР осамнуваат интерни огласи за раководни места, началнички и инспекторски позиции на кои досега немало вработени.

На списокот на позиции што Чавков сака да ги пополни е началник на Секторот за односи со јавност и протокол, виш советник за протоколарни настани и активности, советник за медиумско истражување, како и началник на сектор за односи со јавност и протокол во одделение за информации од јавен карактер. Чавков бара и нов помошник министер за односи со јавност.

Само во секторот за односи со јавност се пополнуваат дваесетина позиции, а ќе се назначуваат началници и во други сектори, како на пример началник за управување со квалитет.

Бидејќи овие позиции се испразнети подолго време, со нивно пополнување ќе му се оздеме моќност на новиот опозициски министер од преодната влада според пржинскиот договор да назначува луѓе.

Претходнот пат, кога министерот Оливер Спасовски проба да пополни испразнети позиции, со колективна одлука на Владата му се поништија сите решенија, поради тоа што немал дозвола од тогашниот дополнителен министер Чавков.

Поврзани новости