515
Државната изборна комисија побара 7,5 милиони евра за организирање на предвремените парламентарни избори на 11 декември, објави „Мета“. Тоа е истата сума што ДИК ја побара и за одложените избори на 5 јуни.
Од Министерството за финансии за „Мета” изјавија дека ќе им го обезбедат овој буџет.
Инаку, во буџетот за 2016 година за Државната изборна комисија беа предвидени 531.375.000 денари, а потоа, бидејќи не беше утврден датум за избори, со ребалансите таа сума беше намалена на 103.875 денари.