ДИК ги распредели локациите за рекламните паноа за локалните избори

by fokus

ДИК денеска спроведе ждрепка со која ги распредели локациите на рекламните паноа и билборди за политичко рекламирање од страна на правните лица кои стопанисуваат со нив за локалните избори.

Распределбата на локациите на рекламните паноа и билборди се делеше во четири категории: 40 отсто за партиите на власт, 40 отсто за партиите во опозиција во Собрание, 10 отсто за парламентарните партии кои немаат пратеничка група и 10 отсто за вонпарламентарните партии.

Независните кандидати, односно кандидатите предложени од група пратеници можат да се рекламираат на рекламните билборди и паноа кои бесплатно ги огласуваат општините.

Поврзани новости