ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Зоран Заев и СДС не ги бива

by fokus

Владата на Зоран Заев и СДС не ги бива и тој факт не може да го покријат со ниту една манипулација презентација или прес конференција на која изнесуваат невистинити бројки и податоци, реагира ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција на владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

-Со оваа прес конференција низ вода го пуштија Миле Бошњаковски да се срами во нивно име. Ставиле се на куп и за промоција на туризмот и за плати на вработени и за инфраструктура и за се, само за да ги напумпаат бројките и така да ја манипулираат јавноста. Доколу беа убедени Заев, Анѓушев и Тевдовски дека имаат било каков резултат сами ќе излегуваа да ги држат ваквите апсурдни прес конференции. Тие сакаат да ја покријат својата неспособност, фијаското кое го доживеаа овие три месеци во поглед на привлекувањето на странски инвеститори и целокупниот крах на економијата кој што го предизвикаа со катастрофалните политики. Тие на своето конто имаат 0 инвестирори кои отвориле 0 работни места и затоа сега јалово се обидуваат да докажат дека тие кои што донеле не направиле ништо добро, рече Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека целта на ваквата политика на Владата предводена од „црната економска тројка Заев, Анѓушев и Тевдовски“ е јасна, да се бркаат инвеститорите, невработеноста да остане висока, а тие да продолжат да даваат ниски плати во ним блиските фирми и на тој начин да остваруваат екстра профити.

Поврзани новости