ДИК ги извести Орав и Бејли дека не знае кога ќе се прочисти списокот

by Фокус

Се уште не може да се каже кога ќе биде завршено прочистувањето на Избирачкиот список бидејќи има многу ризици кои не може да се предвидат. Ова денеска членовите на Државната изборна комисија (ДИК)  им го кажале на амбасадорите на ЕУ и на САД, Аиво Орав и Џес Бејли, кои беа во посета на Комисијата во врска со ставот кој треба да го објават во петок за тоа дали до 24 април може да се создадат услови за фер и демократски избори.

Од ДИК информираат и дека не се точни информациите објавени во одредени медиуми дека веќе почнало вкрстувањето на податоците што беа преземени од 10 државни институции, бидејќи се уште трае фазата на прочистување на базите и нивно усогласување, за потоа да може да се вкрстува.

Поврзани новости