Продолжуваат преговорите за медиумите

by Фокус

Откако вчера до доцна во ноќта посредникот Питер Ванхојте се обидуваше да дојде до договор меѓу партиите за регулацијата на медиумите, денеска преговорите продолжија.

Се одржуваат билатерани средби со претставниците на работната група за спороведување на Договорот од Пржино, но и одвоени средби со претставници на ЕУ и САД. Денешните разговори се одржуваат во присуство на амбасадорот на САД, Џес Бејли, а ЕУ го претставува заменикот на Орав.

Тема на разговорите е  последниот предлог-закон за медиумите од медијаторот Питер Ванхојте. СДСМ се согласува со него, додека ВМРО-ДПМНЕ од каде бараат да се ископира било кој закон кој доаѓа од некоја земја-членка на ЕУ.

Поврзани новости