519
Државната изборна комисија на вечерашната седница со шест гласа „за“ и без присуство на нејзиниот претседател и на членовите на опозицијата, донесе одлука дека се исполнети сите услови за одржување на изборите на 5 јуни.
Претседателот на ДИК Александар Чичаковски и членовите од СДСМ Виолета Дума и Игор Милев ја напуштија седницата пред да почне гласањето, а останатите членови едногласно изгласаа дека постојат услови за организирање на кредибилни избори на 5 јуни.