ДИК бара увид во изборниот материјал од „шестката”

by fokus

Државната изборна комисија побара увид во изборниот материјал од гласачко место во шестата изборна единица за кое СДСМ има поднесено приговор.

За избирачкото место 2.016 сите членови на ДИК изгласаа дека треба да бидат повикани членовите на избирачките одбори и да дадат изјава, односно треба да го проверат и потврдат оригиналниот записник, бидејќи вкупниот број на запишани гласачи се 843, а при сумирање на гласачките ливчиња бројот е 842.

Претходно, ДИК ги отфрли двата приговори на СДСМ за избирачките места  кои исто така се во шестата изборна единица. Останува да се одлучува уште по шест приговори од СДСМ и еден на БЕСА.

Во меѓувреме, надвор атмосферата и натаму е напната. Стотици членови на ВМРО-ДПМНЕ се уште протестираат, а тензијата ја подгреваат говорите на фунцкионери на партијата кои повикуваат на бунт за одбрана на „победата”

Поврзани новости