Вмровците пред ДИК: Ќосето е жив!

by fokus

Поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ кои се пред ДИК, на пауза од играњето оро слушаат говори од функционери на партијата. Последен им се обрати градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски кој порача дека ова е голем срам за државата и дека ако треба цела ноќ ќе останат пред ДИК да ја чуваат победата.

Кога Трајановски заврши со говорот, масата почна да скандира „Ќосето е жив“. Името на овој лик во историјата познат како ликвидатор, во изборната кампања го употреби и Никола Груевски.

Поврзани новости