Со развојот на технологијата и дигитализацијата на пазарот, онлајн продажбата рапидно оди во нагорна линија и станува неопходна алатка за секој бизнис и само со неколку клика клиентите можат да го добијат посакуваниот производ.
Во време на Ковид пандемија, не само големите ланци на продавници, но и многу мали бизниси се ориентираат кон масовна имплементација на веб продавници, со цел задоволување на потребите на своите потрошувачи и зајакнување на сопствениот бизнис. Дигитализацијата веќе не е опција, туку потреба за компаниите.
Според податоците од Асоцијацијата за електронска трговија на Македонија и статиситиките направени во првата половина на 2020-та година бројот на веб продавници се зголемил за 203 новоотворени. Само во периодот од април до јуни годинава, се бележи пораст од 145 нови онлајн продавници, што би значело по две новоотворени веб-продавници секој ден. Вкупниот број на активни онлајн продавници во земјава заклучно 30.06.2020 изнесува 1.223.
Дигитал Фајнанс Интернешнал (ДФИ), веќе четврта година е етаблирано финансиско друштво кое активно ги следи случувањата и трендовите во онлајн трговијата и секогаш се стреми преку својот тим на професионалци да обезбеди соодветни продукти за што поголем број задоволни клиенти!
Порастот на побарувачката е инспирација, ДФИ во соработка со Серафимов Груп, за прв пат во Македонија воведува идеален Онлајн Модул за продажба на производи на рати, преку Веб продавниците на трговските партнери.
E-kreddy претставува одличен начин и вистинско решение за вашите клиенти да го добијат посакуваниот производ, на рати, без притоа да ја напуштат удобноста на домот, канцеларијата или каде и да се наоѓаат во моментот на купување. E-kreddy е кредитен производ од 3.000 до 180.000 денари и со рочност за отплата од 3 до 36 месеци. Сложената документација за аплицирање за наменски кредит, не е дел од процедурата за E-kreddy и во духот на дигитализацијата, се што е потребно се смартфон, компјутер или друг паметен уред и лична карта.
Е-kreddy може да Ви помогне да ја зголемите продажбата и да го зацврстите бизнисот, а тоа да Ви донесе задоволни и лојални клиенти. Се што треба е да станете ДФИ партнер , а тие ќе се погрижат за останатото. Контактирајте на: https://kreddy.mk/pos/ и одете чекор понапред во технологијата со Е-kreddy!