Победникот на изборите во САД може да не се знае со денови, гласовите по пошта може да бидат одлучувачки

by Fokus

Иако се очекуваше дека утрово ќе се знае кој е новиот или стариот претседател на Соединетите Американски Држави, тоа не е така.

Огромен број гласови пристигнаа по пошта поради пандемијата, па пребројувањето на тие гласови може да трае со денови. Доколку има приговори за законитоста, тоа може да трае со недели.

За победа се потребни 270 гласа од електорскиот колеџ, вкупниот број гласови воопшто не се смета. Ако имате мнозинство гласови во една држава, ги земате сите електорски гласови што ѝ припаѓаат на таа држава.

Кандидатите Џо Бајден и Доналд Трамп треба да победат таму каде што беа сигурни фаворити.

Трката е неизвесна во неколку клучни држави, а во некои сè уште (Висконсин и Пенсилванија) не е ни почнато броењето на гласовите по пошта.

Трамп во моментов е во подобра позиција отколку што се очекуваше врз основа на истражувањето, а Бајден не успеа да победи онаму каде што се надеваше, а каде што гласовите беа брзо преброени.

Забележани се некои важни моменти кога станува збор за изборите за Сенатот.

Сојузникот на Трамп, Линдзи Греам, ќе ја задржи Јужна Каролина иако не беше фаворит против Џејми Харисон.

Републиканката Марџори Тејлор Грин влезе во Конгресот и стана првиот поддржувач на теоријата на заговор Кјуанон во тој дом.

Во трката за Сенатот, демократите ја загубија Алабама, но го освоија Колорадо.

Америка ја доби првата декларирана трансродова личност во Конгресот откако во Делавер беше избрана Сара Мекбрајд.

Може да се случи победникот на изборите да не се знае со денови. Гласовите по пошта може да бидат одлучувачки, а може да се вклучат и адвокатите, како што претходно најави Трамп.

Ова се чини уште поизвесно сега кога тој напиша дека се обидуваат да ги украдат изборите.

Бајден повика на трпеливост и да не се прогласува победа, но несигурноста може да доведе до нереди, проценува Би-би-си.

Поврзани новости