Рочиштето за „Титаник“ одложено поради здравствени проблеми на двајца од обвинетите

by Fokus

Следното рочиште по предметот „Титаник“ закажано за утре, се одлага за 12 ноември, поради здравствени проблеми на двајца од обвинетите, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

– Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 7/18, од обвинителството означен како „Титаник“ ја информираме јавноста дека расправата насрочена за 05.11.2020 година се одлага заради здравствени пречки на двајца од обвинетите, стои во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Во случајот „Титаник“ освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Поврзани новости