825
Рудолф Џулијани, правен советник на американскиот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп, во говорот во Филаделфија рече дека „се случува голема измама“ на изборите во САД.
Поранешниот градоначалник на Њујорк, меѓу другото, даде бизарни проценки во својот говор, како на пример дека „мртвите и марсовците“ можеби гласале на изборите, како и дека демократскиот кандидат Џо Бајден можеби гласал за себе 5.000 пати.
Пред да замине за Филаделфија, Џулијани на Твитер рече дека отишол во Пенсилванија со правен тим за да ги оспори резултатите од изборите во таа сојузна држава, што се смета за важно за исходот на изборите во САД.