Правниот тим на Трамп го испраќа Руди Џулијани во Пенсилванија

by Fokus

Адвокатот на американскиот претседател Доналд Трамп, Руди Џулијани, соопшти дека со правниот тим на претседателот заминал за Пенсилванија за да ги оспори изборните резултати во оваа сојузна држава, што се смета за важна за исходот на изборите во САД

Џулијани на Твитер напиша дека во Филаделфија има „масовни измами“, тврдејќи дека демократите се обидуваат да ги „украдат“ претседателските избори и дека републиканците нема да го дозволат тоа, пренесува „Индипендент“.

Според него, врз основа на 75 отсто од преброените гласови во оваа држава, Трамп има предност од 550.000 гласови.

Кампањата на Доналд Трамп претходно најави правни постапки пред Врховниот суд поради нетранспарентност при пребројувањето на гласовите во Пенсилванија.

Ова ја отвора можноста за привремено запирање на пребројувањето на гласовите во оваа држава, која носи 20 електорски гласови.

Поврзани новости