Џонсон: Нема да поднесам оставка за да избегнам одложување на Брегзит

by Fokus

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека нема да поднесе оставка со цел да избегне да побара одложување на Брегзит по октомври.

Џонсон вети дека Велика Британија ќе излезе од ЕУ со или без договор, и покрај тоа што Парламентот усвои закон со кој се бара него да го продолжи рокот за Брегзит доколку пратениците не го усвојат договорот.

Британскиот премиер рече дека подобро ќе биде „да лежи мртов во некој ров“ отколку да бара одложување.

На прашањето од Би-Би-Си дали ќе си поднесе оставка за да не мора да бара одложување, тој одговори дека нема да го стори тоа.

– Јас презедов да ја водам партијата и мојата земја во тешки моменти и ќе продолжам да го правам тоа. Верувам дека тоа е моја одговорност, истакна Џонсон.

Поврзани новости