Mалолетници на мотор тешко повредени по судир со автомобил

by Fokus

На 29.09.2019 околу 02,00 часот било пријавено дека на патот Струга-Дебар се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „БМВ“ со  скопски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(39) од Струга и мотоцикл „Сузуки“ со битолски регистарски ознаки, управуван од 17 годишен малолетник и каде сопатник бил уште еден 17 годишен малолетник и двајцата од село Лабуништа.

Во незгодата двајцата малолетници се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени во болницата ,,Св.Еразмо-Охрид’’.

Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Струга.

Поврзани новости