Џони Деп планира двоен камбек по победата на Суд

by fokus

Џони Деп планира двоен шоу-бизнис камбек по неговата неверојатна победа во судењето со неговата поранешна сопруга, Амбер Херд.

Актерот (58) беше насмеан и се ракуваше со обожавателите во паб во Њукасл минатата ноќ, откако поротата ја прогласи Амбер Херд за виновна во случајот.

Поттикнат од силната поддршка на социјалните мрежи и во судницата, тој верува дека сега има „златна можност“ да изврши ресетирање на својата кариера.

Подоцна оваа година тој планира да издаде албум со гитарската легенда Џеф Бек (77), напишан нив двајцата во домот на Бек во Сасекс, каде Деп поминува неколку месеци. Ќе почне да снима и уметнички филмови.

Неговиот правен тим ја поздрави пресудата, а британската адвокатска фирма Schillings рече дека „не може да биде посреќна за него“.

Поврзани новости