Џипот удрил во две лица, девојката починала

by fokus

24-годишна девојка вечерва загина во сообраќјна несреќа кај Сити Мол откако во неа на пешачки премин удрил џип управуван од 22-годишен скопјанец.

Џипот освен во девојката удрил и во 24-годишно момче кое е повредено и пренесено во „8-ми Септември“, информираа од МВР за „Фокус“.

На 20.01.2022 год. во 19.44 час. пријавено е дека на ул.Московска со бул.Партизански одреди се случила сообраќајна незгода во која ПМВ Цитроен управувано од Ј. Ѓ. (1999) од Скопје удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш кој е повреден и пренесен во ГОБ 8-ми Септември и В.Н.1997 од Радовиш, која починала на лице место. Се врши увид, велат од МВР.

Ј.Ц.

Поврзани новости