Џинпинг е спремен за соработка со САД, Бајден не сака судир

by Фокус

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека неговата земја е спремна да работи со САД за доброто на двете страни, објави во четвртокот кинеската државна телевизија, пред можната средба со американскиот претседател Џо Бајден во Индонезија.

„Како големи сили, Кина и САД треба да ја зајакнат комуникацијата и соработката за да помогнат да се обезбеди стабилност во светот“, рече Си во пораката на состанокот на Националниот комитет за односи меѓу САД и Кина во средата.

Двете земји имаат различни ставови околу политиката на Кина кон Тајван, односите на Кина со Русија, а од неодамна и за напорите на САД да ги спречат своите компании за производство на полупроводници да им продаваат технологија на Кинезите.

Џинпинг, кој штотуку доби трет мандат како лидер на владејачката Комунистичка партија во втората по големина економија во светот, го осуди странското мешање во Тајван и неодамна рече дека Кина никогаш нема да се откаже од своето право да користи сила за да добие контрола над него.

Бајден, пак, вчера рече дека „САД не сакаат судир со Кина“. Американската администрација, откако Џинпинг го обезбеди својот трет мандат викендот, ја нагласи важноста на одржувањето отворени линии на комуникација со Кина.

Поврзани новости