Американскиот амбасадор Џес Бејли во моментов се приклучил на средбата на премиерот Никола Груевски, лидерот на опозицијата Зоран Заев и на лидерите на албанските партии Али Ахмети и Мендух Тачи на разговорите со еврокомесарот за проширување и за соседска политика Јоханес Хан
Засега нема никакви информации, изјави или брифинзи за содржината и за текот на разговорите, на кои, доколку се суди според фактот дека ќе бидат маратонски, се разговара за конкретни предлози и решенија за надминување на политичката криза.
Посетата на Хан доаѓа по неколкуте средби меѓу Груевски и Заев со посредство на тројцата европарламентарци Иво Вајгал, Едвард Кукан и Ричард Ховит, како и по лидерскиите средби во Скопје на премиерот и опозициските лидер со албанските челници Ахмети и Тачи.