Хан: Договорени се предвремени парламентарни избори во април следната година

by Фокус

Еврокомесарот Јоханес Хан по денешната средба со политичките лидер во земјава – Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, на кои им се приклучи и американскиот амбсадор Џес Бејли, изјави дека овој состанок резултирал со договор да се оддржат предвремени парламентарни избори во април следната 2016 година.

Како што информираше Хан, следната недела во Брисел ќе се оддржи нова рунда од преговорите, на која треба да се прецизираат деталите од политичките договор што беше постигнат денеска за надминување на политичката криза.

До изборите, според еврокомесарот, треба да се обнови избирачкиот список и да се дотера изборната регулатува.

Поврзани новости