653
Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Македонија, Џес Бејли, денеска изјави дека ја подржува Македонија на нејзиниот пат кон НАТО и ЕУ и смета дека е добар чекор што Македонија има разговори со Грција и со другите земји од соседството.
Според Бејли реформите кои се носат сега се многу важни во однос на владеењето на правото.
На новинарското прашање дали може Македонија да влезе во НАТО под уставната референца, тој одговори дека тоа ќе биде предмет на преговори меѓу партнерите.
„Допрва треба да разговараме со новата влада, со членовите на целото општество, како и со опозицијата. Само ако се обедини целата земја, ова може да се постигне“, додаде Бејли.