Хан го праќа Прибе во Македонија со група правни експерти

by fokus 13:48
13:48

Еврокомесарот Јоханес Хан го праќа Прибе во Македонија заедно со група правни експерти, соопштија денеска од неговиот кабинет.

Експертската група ќе ја посети земјата наскоро за да направи анализа за моменталната ситуација, да направат анализа на претходните констатации и до каде се развиваат и да обезбедат препораки за тоа како да се адресираат сите грижи поврзани со владеењето на правото во последните години.

- Advertisements -

„Како дел од подготвеноста на ЕУ да работи и да ја поддржи новата влада во своите реформски напори, јас повторно испраќам група независни експерти за владеење на правото, предводени од Рајнхарт Прибе, за да помогне и да ја советува новата влада за проблемите со системското владеење на правото.

Оваа група ќе ги вклучи истите сениор експерти кои го подготвија извештајот со препораки поврзани со нелегалното прислушување во 2015-та година. Нивната работа придонесе за составување на Итните реформски приоритети кои беа вклучени од Комисијата и во Пржинскиот договор“, се вели во соопштението.

Хан вели дека го замолил и шефот на делегацијата на ЕУ да разговара за реформските приоритети поврзани со ЕУ со новата влада со конкретни цели и временски рамки, но и  за тоа како ЕУ може да даде поддршка или совет за да се спроведат овие реформи.

„Ние сме посветени да работиме со новата влада, како и со опозицијата, во враќањето на земјата назад на нејзиниот интеграциски пат кон ЕУ кој го заслужуваат граѓаните“, се вели во соопштението.

 

Поврзани новости