Лососи, бифтеци, алкохол и цигари на државна сметка

by Fokus 13:42
13:42

Лосос, бифтек, цигари и алкохол нарачувал поранешниот заменик-министер за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски на државна сметка, додека бил на функцијата, пишува Призма.

Сметките што на негово име, плаќани преку фактура, биле направени во периодот од април до декември 2016 година, изнесувале околу 150 илјади денари или 2,5 илјади евра.

- Advertisements -

БИРН, преку Законот за слободен пристап до информации ги доби сметките за угостителски услуги што ги користеле екс министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, заменикот Тимчо Муцунски, дополнителниот заменик министер Александар Кирацовски и државниот секретар Јахи Јахија. Според сметките, единствено екс министерката не трошела државни пари во кафеани.

Поврзани новости