417
Овчарот осуден во случајот „Бачило“ вечерва на Телма рече дека бил уценуван да биде заштитен сведок против врвот на СДСМ, или во спротивно ќе завршел во затвор. Груевски, Мијалков и Михајло Маневски го уценувале да биде лажен заштитен сведок за да „исечат“ 18 судии кои биле СДСМ.
-Маневски сакаше да ме искористи мене, да ги земам 18 судии, тројца јавни обвинители и Владо Бучковски на врат. И тогаш реков нека ме држат доживотно на робија, ама нема да ги земам на врат, да прифатам да бидам заштитен сведок, рече Џемаили.