Џафери: Ветувам дека ќе го почитувам Уставот и нема да дозволам узурпација на институциите

by fokus

Талат Џафери предмалку беше изгласан за нов претседател на Собранието од страна на мнозинството. По потпишувањето, тој изјави дека ќе работи според Уставот.

-Свесен за историската одговорност, ветувам дека ќе го почитувам Уставот и нема да дозволам узурпација на институциите, рече новиот собраниски спикер.

Претседавањето со седницата го презема најстариот пратеник кој во моментот беше во собраниската сала, Ферид Мухиќ. Цело време додека трае процедурата, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ извикуваат „Ова е пуч“.

Влатко Стојановски

Поврзани новости