Заев: Му посакувам успешна работа на новиот спикер

by fokus 18:59
18:59

По изборот на Талат Џафери за нов претседател на Собранието, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одржа прес конференција на која му посака на Џафери успешно водење на седниците и работење според Деловникот.

-Согласно Деловникот, најстариот пратеник кој прифати да ја води седницата проодлжи со седницата после 18 часот кој ги избра Мисовски и Адеми за заменици.
Бидејќи никој не се јави за збор, помина на точката за избор на претседател и го преложи Џафери со 62 потписи за кандидат за претседател.
Вкупно 67 пратеници со 61 глас го избраа Џафери за претседател.
Му посакувам успешно водење на седницата во периодот пред нас согласно Устав закони и деловник.

- Advertisements -

Влатко Стојановски

Поврзани новости