867
Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев се повика на член 60 и 61 од Деловникот, во однос на присуството на претседателот на Собранието, Талат Џафери.
„Деловникот познава две ситуации, отсуство и спреченост на претседателот на Собранието. Ние како што успеавме да видиме, самиот претседател на Собранието ниту e спречен, ниту отсутен, па така барам еден час пауза, за да се врати тој и да продолжи седницата“, истакна Апасиев.
Ова е веќе втора пауза по ред од еден час, откако претходно пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, исто така бараше едночасовна пауза.