Џафери: Не влијаев мојот баџанак да биде избран во Антикорупциска

by fokus

На новинарско прашање како неговиот баџанак влагол во составот на Антикорупциската комисија претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери  на денешната прес конференција за распишувањето на претседатеслките избори, одговори дека тој немал влијание во изборот, и дека тој влегол исто како и останатите.

-Како вашиот колега новинар влегол во тој состав на комисјата? За разлика од преходно, сега Собранието беше вклучено во изборот. Во изборот беа вклучени пратениците, медиумите, претставниците на владата, претставници на народниот правобранител, а во процесот на испитување на кандидатите и  претставници на МАНУ. Во тоа е разликата. Немам влијание во изборот, рече Џафери.

Поврзани новости